Дома Останати Кабиб официјално се врати и го доби најбогатиот договор во УФЦ!

Кабиб официјално се врати и го доби најбогатиот договор во УФЦ!

khabib

УФЦ шампионот во лесна категорија Кабиб Нурмагомедов и официјално се враќа.

Најголемата ММА организација на светот ја потврди борбата помеѓу него и Американецот Дастин Пориер која ќе се одржи на 7-ми септември на УФЦ 242 евентот во Абу Даби.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Пориер неодамна ја освои привремената титула во лесна категорија со победата на Макс Холовеј и така стекна право да го предизвика Кабиб.
Борбата на крајот и официјално беше договорено што навистина ќе биде голем спектакл.

Покрај повратничката борба менаџерот на Кабиб потврди дека Дагестанецот сега е најплатена ѕвезда на УФЦ.

„Пресреќни сме. Не можевме да добиеме подобри услови, а ова беа најлесните преговори во мојот живот. Ова е еден од најголемите договори во историјата на УФЦ. Заборавете на Конор Мекгрегор, ова е договор со најголема загарантирана сума“.

„УФЦ одлучи ода отстапи. Ни дадоа тоа што баравме и направивме одлична работа. Кабиб е најдобриот борец во светот, никогаш не изгубил и затоа во овој момент е ннајплатениот УФЦ борец“, порача Абделазиз.

Нурмагомедов во овој момент има учинок од 27:0, а во УФЦ ги доби сите 11 борби на кои настапи.

Од друга страна Пориер во кариерата во овој момент има скор од 25-5-1.

 

View this post on Instagram

 

Welcome aboard Dustin Poirier. #ufc242 #ufcAbuDhabi

A post shared by Khabib Nurmagomedov (@khabib_nurmagomedov) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…