Дома Трансфер зона И Јувентус го сака Гомез, „старата дама“ и нуди трампа на Аталанта

И Јувентус го сака Гомез, „старата дама“ и нуди трампа на Аталанта

Заминувањето на Алехандро Папу Гомез е веројатно завршена работа, односот со Џан Пјеро Гасперини дојде до точка да не може да се поправи. Неговиот трансфер оваа зима би можел да подигне и најголема „прашина“ на Апенините.

Гомез се наоѓа на листата желби на Интер и Милан, а изминатата вечер познатиот Џанлука Ди Марцио објави дека сега Јувентус тргнува во „лов“ на отпишаната ѕвезда на Аталанта.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ди Марцио наведува дека Јувентус активно ја следи ситуацијата со Гомез, а после реакцијата на Пирло првиот оперативец на „старата дама“ Фабио Партичи го спрема теренот за прва официјална понуда до Аталанта. Таа нема да биде од финансиска природа, туку трампа.

Во Јувентус повеќе не сметаат на Федерико Бернардески кој сезонава одигра само 400 минути во сите натпреварувања и тој ќе биде играчот кој ќе биде понуден.

Се е уште во фазата на разработка, се уште немало контакти од двете страни, а според проценката на италијанскиот „Скај“ работата нема да биде лесна. Наводно во Аталанта сакаат да почекаат прво понуда од странство. И покрај годините и ситуацијата Аталанта нема намера да го продаде Гомез за сума помала од 15-20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…