Maкедонскиот шампион Струга Трим Лум денес ќе го игра реваншот против Жалгирис во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите. Во првиот натпревар стружани ремизираа 0:0, па оптимизмот дека можат во следната фаза е голем крај езерото.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Изненадување за јавноста беше одлуката билетите да се продаваат по цена од 1.200 денари. Со секој билет фановите добиваат и маичка, меѓутоа постоеше соменвање дека таквиот потег лошо ќе се одрази на посетеноста.
Сепак, од таборот на струшкиот тим соопштија дека билети за натпреварот повеќе нема, односно дека стадионот „Билијани Извори“ во Охрид е распродаден. Ова значи дека Струга денес ќе има максимална поддршка.
Натпреварот се игра во терминот од 17:00 часот.