Дома Фудбал И Селта и застана на патот на Барселона (ВИДЕО)

И Селта и застана на патот на Барселона (ВИДЕО)

Селта Виго и Барселона вечерва одиграа фантастичен меч во рамки на 33. коло од Ла Лига кој заврши без победник 2:2.

Гостите подобро влегоа во мечот и доминацијата ја крунисаа во 36. минута кога Осман Дембеле погоди за водство на својот тим. Сепак, пред самиот крај на првиот дел, Селта дојде до израмнување и тоа со погодокот на Џони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во продожението на средбата, Барселона до ново водство дојде во 64. минута кога погоди Пако, но само седум минути подоџна Серџи Роберт заработи црвен картон и ги остави на цедило своите соиграчи.

Таа ситуација, Селта ја искористи во 82. минута кога Аспас го постигна 20. погодок оваа сезона во Ла Лига за конечни 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…