Фудбалскиот сојуз на Русија денес ги укина сите фудбалски натпреварувања до 10-ти април поради епидемијата со коронавирусот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Руската лига беше една од малкуте европски лиги во кои се уште се играше фудбал и во која се играше фудбал со полни трибини.
Меѓутоа, поради проблемите со коронавирусот Владата денес донесе доплнителни мерки, па Федерацијата одлучи да го прекине првенството.
Навивачите во текот на викендот за време на натпреварите се шегуваа со епидемијата на коронавирусот, па тоа беше и една од причините да се воведат поригоризни мерки.
Сега откако и официјално беше одложено Европското првенство, лигата може да се игра и во јуни.