На 12. ноември Македонија ја очекува финале во баражот за Европското првенство против селекцијата на Грузија и за овој натпревар можеби повторно ќе бидеме без еден од нашите најдобри играчи, Елиф Елмас.
Елмас поради позитивен тест на Ковид-19 го пропушти полуфиналето против Косово и натпреварите со Естонија и Грузија во новата сезона од Лигата на Нации. Сега проблем на Елмас може да му направи Аурелио Де Лаурентис, првиот човек на Наполи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ објави дека Де Лаурентис заедно со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели имаат намера да ги бојкотираат репрезентациите и да не ги пуштат своите фудбалери да настапуваат за ноемвриските натпревари.
Наводно првите клубови на овие два италијански клуба се загрижени поради ситуацијата со Ковид-19 и сметаат дека патувањето и контактот со повеќе луѓе е преголем ризик во овој период.
Меѓутоа, прашање е дали клубовите се доволно моќни да забранат такво нешто, секако тука постои опција да реагираат ФИФА и УЕФА.