Дома Трансфер зона И Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Елмас!

И Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Елмас!

Ако им веруваме на поголемиот дел англиски медиуми Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Елиф Елмас!

Елмас се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и претходно, но во последните недели клубот од „Олд Трафорд“ не се истакнуваше како некој од фаворитите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот бисер е на радарот на клубови како Интер, Атлетико Мадрид, Лацио, Фиорентина, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити…Сега сериозно во трката влегува изгледа и Манчестер Јунајтед.

Во Јунајтед следи лето во кое ќе има голема реконструкција на тимот поради очајната сеозна и неизборениот настап во Лигата на шампионите.

„Елмас е еден од најголемите таленти во Европа и многу клубови се заинтересирани и го следат овој играч, пред се тоа се Борусија Дортмунд и Манчестер Сити. Фенербахче после оваа разочарачка сезона има голем број понуди, а Јунајтед сега спрема понуда со која би можел да го украде од своите ривали“, стои во англискиот медиум.

Елмас во Јунајтед би пристигнал на местото на Андер Ерера кој пред неколку дена потврди дека го напушта клубот, тој кариерата ќе ја продолжи во Пари Сен Жермен. Покрај него од средниот ред би можел да замине и Пол Погба кој според информациите е незадоволен во клубот.

Кога во прашање е цената на Елмас многу веројатно таа изнесува околу 20 милиони евра. Ќе потсетиме Фенер го доведе од Работнички на кого му плати само тенинг-комезација во износ од 180.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …