Дома Фудбал Даночната афера се шири: И Лука Модриќ не плаќал данок

Даночната афера се шири: И Лука Модриќ не плаќал данок

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ се наоѓа под истрага на шпанските власти под сомнение дека, како и многу други фудбалски ѕвезди, избегнувал да плаќа данок.

Името на најдобриот хрватски фудбалер се наоѓа на насловната страница на „Ел Мундо“. Новинарите на овој весник работеле на документите кои ги објави Football Leaks.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Модриќ бил под истрага бидејќи маркетниг правата и ги продал на една компанија од Луксембург, избегнувајќи да пријави дел од приходите за 2013 и 2014 година.

Истрагата на шпанските власти ќе покаже дали Модриќ, но и уште неколку негови соиграчи од Реал, на вешт начин се обиделе да не плаќаат данок на огромните милионски договори.

Инаку, истрагата не му оди во прилог на Модриќ, кој и во Хрватска беше испитуван од истражителите на Агенцијата за борба корупција и перење на пари (УСКОК), во истрагата која се води против Здравко Мамиќ.

УСКОК се сомнева дека Мамиќ преку Модриќ и уште неколку други играчи од Динамо на незаконски начин успеал да извлече милиони евра.

Пред неколку дена новинарите на „Ел Мунди“ открија дека и Кристијано Роналдо избегнувал да плаќа данок во Шпанија, односно дека Португалецот во држави кои имаат ниски стапки на данок сокрил 150 милиони евра.

Football Leaks открива дека данок избегнувале да плата и многу други фудбалски ѕвезди како Нејмар и Ето, дека Пепе и Марсело не платиле речиси 7 милиони евра на име на данок. Во документите се појавува и името на Жозе Мурињо и најмоќниот фудбалски менаџер Жорге Мендеш.

Инаку, прашање е дали документите кои прв ги објави Football Leaks ќе можат да се користат на суд, бидејќи шпанскиот судија Артуро Замариего му забрани на El Mundo но и на сите други медиуми да ги објавуваат овие документи за како што рекол „да биде сочувана приватноста на фудбалерите“.

Истиот судија побарал оваа забрана да биде спроведена во цела Европа. Ваквиот негов потег вендаш наиде на осуда сите Меѓународни новинарски здруженија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити…