Дома Фудбал Англија ИСТО КАКО ПРЕД 4 ГОДИНИ: Исти навивачи сведоци на погодоците на Руни (Фото)

ИСТО КАКО ПРЕД 4 ГОДИНИ: Исти навивачи сведоци на погодоците на Руни (Фото)

Во последната средба од второто коло во Премиер лигата, Манчестер Сити на домашен терен против Евертон одигра 1:1.

Фудбалерите на Евертон кои ви четврток против Хајдук ќе ја бранат предноста од 2:0 од првиот меч поведоа во 35 минута, а стрелец на погодокот беше Вејн Руни, кој со овој јубилеен 200. погодок испиша историја во Премиер лигата. Од него поуспешен е само Алан Ширер кој бил прецизен 260 пати.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер Сити скоро цело второ полувреме имаше играч помалку бидејќи во 44. минута најскапиот одбранбен играч во историјата, Волкер беше исклучен, откако во само две минути заработи два жолти картони. Но, иако играчите на Сити имаа играч помалку, Стерлинг успеа во 82. минута да израмни на 1:1.

Крајот на дуелот обата тима го дочекаа со десетмина на теренот, бидејќи во 89. минута беше исклучен играчот за врска на Евертон, Шнајдерлин.

Навивачите на Сити од првата минута на дуелот, на секој допир на Руни со топката жестоко исвиркуваа и го навредуваа. Очигледно не заборавиле дека им е мака од феноменалниот Англичанец, кој најдобрите моменти во кариерата ги одигра токму во дресот на лутиот градски ривал од „Олд Трафорд“. Против нив ги постигна 50., 150, но и 200. погодоок во Премиер лигата. Публиката се чини му годи.

Против Сити, Руни секогаш бил расположен. Против нив пред четири години го постигна легендарниот гол со ножички, а англиските медиуми по вчерашниот погодок сумираа интересен колаж.

Соединија две фотографии кои прикажуваат двајца исти навивачина Сити од пред четири години и денес кои во неверување и во очај ја проследуваат радоста на Руни по постигнувањето на погодокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…