Дома Фудбал Италија И да ја донесе Италија на Мундијал Вентура сигурно „лета“

И да ја донесе Италија на Мундијал Вентура сигурно „лета“

Италијанците сакаат да го сменат селекторот дури и ако ги однесе на Мундијалот? Вечерашното издание на „La Stampe“ и „Gazetta delo Sport“ покажува дека столицата на искусниот стратег е несигурна, и не само тоа, споменатите весници ја донесуваат листата на кандидати за негов наследник.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, италијанската фудбалска јавност беше незадоволна од Азурите од овие квалификации, а ситуацијата дополнително се влоши по поразод од Шведска во првиот натпревар од баражот.

Наводно, три имиња се можни наследници на Џанпјеро Вентура. Еден од нив, и најмалку можна опција е Антонио Конте, за кого се пишува дека не е во најдобри односи со управата на Челзи, и дека би можело да се врати на клупата на националниот тим. Иако во овој момент тоа делува незамисливо. Се споменува и Карло Анчелоти кој е слободен по заминувањето од Баерн. „Gazetta“ потсетува дека Карло најавил дека ќе се одмори се до стартот на следната сезона, но некои извори тврдат дека би можел да се предомисли.

И на крајот тука е Џиџи ди Биаџо, најверојатниот избор доколку Вентура добие отказ. Весниците пишуваат дека селекторот на младата репрезентација на Италија има поддршка во Сојузот, и на луѓето им се допаѓа неговиот систем 4-3-3 што го форсира и дека би сакале да го видат во сениорскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милметарска трагедија на СП: Иран беше на прагот на успех

Египет и Иран одиграа нерешено 1:1 во третото коло на Светското првенство, со што конечно …