Барселона вчера потврди дека Лионел Меси нема да го продолжи договорот, а тоа сигурно дека е аларм за сите богати клубови, еден таков е Челзи.
Меси во овие моменти најмногу се поврзува со ПСЖ. Гвардиола после ангажманот на Грилиш истакна дека Манчестер Сити потрошил пари на англискиот репрезентативец (100 милиони фунти), па сега не се во можност да тргнат и по Меси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Затоа ПСЖ засега изгледа како најсериозна опција, меѓутоа од Островот пристигнуваат информации дека Челзи е спремен да влезе во трката за Меси.
Се пишува дека газдата на Челзи, Роман Абрамович попладнево свикал итен состанок на својот тим и на тој состанок се разгледувало како Челзи да дојде до Меси.
Финансиска моќ да ги задоволи барањата кои со себе ги носи Меси Абрамович сигурно има, па останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата.