Дома Фудбал Итен состанок во Милан: Фонсека ја губи довербата?

Итен состанок во Милан: Фонсека ја губи довербата?

Загрижувачки за навивачите за Милан е се што се случува на почетокот на оваа сезона. Пауло Фонсека не докажа дека има квалитет да го води клубот и веќе се шпекулира за негова можна смена.

Италијанските медиуми пренесуваат дека најголем проблем за Фонсека е што ја „изгубил соблекувалната“, односно довербата од своите играчи.

Според информациите тој не е во добар однос ниту со Рафаел Леао, па поради тоа Ибрахимовиќ. Монката и Џорџо Фурлани имале состанок на кој зборувале за целата ситуација.

Итната реакција и состанокот практично значел опомена пред исклучување за португалскиот стратег кој веројатно ќе биде набрзо отпуштен ако нешто не се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Љуботен со четири гола ја завери есенската круна, Скопје 2014 остана на чекор

Тетовскиот тим ја совлада Речица со 4-0 и ќе презими како лидер во женското фудбалско прве…