Лука Модриќ доби покачување во Реал Мадрид, според последните најави би требало да добива 10 милиони евра годишно, но во Италија се уште се надеваат дека може да премине во Интер.
„Интер не ја губи надежта. Лука сака да дојде во Интер и додека не потпише нов договор, тој сон ќе трае. Реал не се согласува на проджаба, но Лука има поинаква желба“, пишуваат Италијанците и додаваат дека Интер се уште врши притисок на Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тренерот Лучијано Спалети неодамна даде изјава во која потврди дека Модриќ сакал да дојде во Интер, како и дека е среќен поради тоа.
„Среќен сум што играч како Модриќ, светски вицешампион со четири освоени титули во Лигата на шампионите сакаше да биде член на Интер. За жал мислам дека Реал таков играч нема да пушти да си замине. Тој е мозокот на нивниот тим. Не знам како би го надоместиле неговото заминување, но знам дека ќе биде вистинско чудо ако дојде кај нас“, изјави Спалети.