Дома Фудбал Италија со НЕВЕРОЈАТЕН состав во клучниот натпревар!

Италија со НЕВЕРОЈАТЕН состав во клучниот натпревар!

Започна последното одбројување за Светското првенство, а последна препрека за италијанската репрезентација на патот до Русија е Шведска.

Поразот од 1:0 во првиот натпревар создава огромен притисок за „аѕурите“, кои дефинитивно ќе направат се вечерва на „Сан Сиро“ да ја анулираат предноста и да се пласираат на Мундијалот.

Селекторот Вентура ќе игра со својата препознатлива 3-5-2 формација, но со неколку измени од првиот натпревар. Вечерва парнет на Имобиле во нападот ќе биде Маноло Габиадини, додека Жоржињо и Флоренци ќе добијат шанса од првата минута на средината од теренот.

(3-5-2): Буфон, Барзаљи, Бонучи, Килини, Кандрева, Пароло, Жоржињо, Флоренци, Дармијан, Имобиле, Габиадини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Црвен или само жолт? Стартот на Диоп ги подели мислењата по ремито во Ипсвич

Иса Диоп остана на теренот по стартот врз Џејмс Мекати во ремито 1:1 меѓу Ипсвич и Нотинге…