Дома Фудбал Италија Италија не памети голгетерска машинерија како Аталанта!

Италија не памети голгетерска машинерија како Аталанта!

Фудбалерите на Аталната прават вистински дар-мар на фудбалските терени на Апенините веќе некое време.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Денес во рамките од Серија А Аталанта го победи Лече со убедливи со 7:2. Лече имаше 2:2 до 47. минута. Аталанта водеше 2:0 со головите на Донати и Запата, а домаќините изедначија преку Сапонара и Донати.

Во 47. минута започна шоуто во режија на Аталанта и до крај постигнаа уште пет гола, погодуваа Иличиќ, Запата уште два пати, Муриел и Малиновски.

Ова е трет пат во Серија А тимот од Бергамо да постигне сум голови, претходно со „седмици ги испратија Удинезе и Торино. Оваа сезона Аталанта има постигнато неверојатни 70 голови што е убедливо најмногу во лигата. На последните седум натпревари постигнаа 26 гола.

Тешко е да се сетиме кога Италија имала една ваква голгетерска машинерија и ни останува да видиме до каде можат да оваа сезона. Кога е пласманот на табелата во прашање тие се на 4. позиција со 48 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ му даде пет голови на Баерн, а денеска бара нов напаѓач!?

Актуелната сезона се ближи кон својот крај, а со тоа и летниот трансфер период, па шпекула…