Дома Трансфер зона Италија на нозе: Реал го носи најдобриот фудбалер од Серија А

Италија на нозе: Реал го носи најдобриот фудбалер од Серија А

Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за голгетерот на Интер, Мауро Икарди.

Најдобриот фудбалер на Интер и еден од најдобрите во Серија А веќе неколку сезони ја покажува својата класа во просечниот тим на „нероаѕурите“. Миланскиот гигант оваа сезона игра одлично, а Икарди повторно е главна ѕвезда во тимот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал е во потрага по врвен напаѓач, а па раководните луѓе од „Сантиаго Бернабеу“ сметаат дека Икарди е идеален профил.

Карим Бензема игра очајно оваа сезона, „кралевите“ се мачат со реализацијата, па сакаат да го донесат Икарди уште во јануарскиот преоден рок, особено поради фактот што Аргентинецот може да настапува во Лигата на шампиони.

Интер сигурно ќе се противи на неговото заминување, но Икарди во својот договор има откупна клаузула од 110 милиони евра, која за Реал Мадрид не би требало да претставува никаков проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тијаго Силва го напушта Челзи, веќе го избрал и новиот клуб

Бразилскиот дефанзивец, Тијаго Силва според последните информации ја игра последната сезон…