Дома Фудбал Италијанците и Шпанците убедени: Повеќе нема никакви препреки Конте да го превземе Реал Мадрид

Италијанците и Шпанците убедени: Повеќе нема никакви препреки Конте да го превземе Реал Мадрид

conte

На Јулиен Лопетеги повеќе и скоро никој да не му дава шанса.

За отказ на стратегот на Реал Мадрид се пишува веќе подолго време наназад, што и е очекувано ако се види во каква криза се наоѓаат „кралевите“. Иднината на Лопетеги многу зависи и од неделното „Ел Класико“ (16:15 часот). Очекувањата се дека во случај Реал да биде поразен на Лопетеги ќе му биде покажана излезната врата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според пишувањето на шпанските и италијанците, Антонио Конте е најсериозниот кандидат.

„Спорт Медијасет“ пренесува дека Антонио Конте во петокот наутро се договорил со управата на Челзи.

Наводно, Италијанецот се откажал од оштетата од поранешниот клуб, па повеќе нема да има правни препреки да седне на клупата на Реал. Исто така се додава дека Конте постигнал вербален договор со Реал Мадрид.

Како резервни опции доколку пропадне ангажманот на Конте се наведуваат Сантиаго Солари и Гути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…