Италијанските медиуми се убедени дека Пол Погба може да се врати во Јувентус.
Погба летото 2016 година за тогаш рекордни 105 милиони евра го замени дресот на Јувентус со оној на Манчестер Јунајтед. Сега поради конфликтот со Жозе Мурињо тој има намера да го напушти „Олд Траофрд“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наредната станица на Погба во кариерата би можела да биде токму Јувентус.
Италијанските медиуми освен што тврдат дека постојат реални шанси Погба да се врати во Торино, наведуваат дека „старата дама“ спрема понуда од 80 милиони евра.
Покрај Јувентус, Погба се поврзуваше и со Барселона, но засега неговиот поранешен клуб е фаворит да го доведе.