После изненадувачкото испаѓање од Ајакс италијанските медиуми откриваат кои играчи ќе го напуштат клубот.
Вчера италијанската „Република“ пишуваше дека Роналдо ќе му даде уште една шанса на Јувентус. Односно ќе остане во Торино уште една година и во наредната ако клубот нема успех во Лигата на шампионите тогаш би си заминал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова значи дека Роналдо сигурн оостанува, а со него и Марио Манџукиќ (неодамна го продолжи договорот до 2021 година). Се очекува клубот да го задржи и напаѓачот на кој му се предвидува блескава иднина, Моисе Кин.
Оние кои според италијанските медиуми ќе го напуштат клубот се Даглас, Коста, Алекс Сандро, Миралем Пјаниќ и Паоло Дибала.
Во следната сезона ќе гледаме Јувентус без Коста кој пристигна од Баерн Минхен за 40 милиони евра. Коста покажа премалку, на моменти блеснуваше, но постигна само еден гол. „Газета дело Спорт“ открива и дека се поизвесно е заминување на Паоло Дибала. Со него би можел да си замине и Миралем Пјаниќ кој има пад на формата и понуди од други клубови.
Истиот извор наведува дека Јувентус по титулата во Лигата на шампионите во 2020 година ќе оди и без Алекс Сандро.
Покрај Алекс Сандро следната сезона во одбраната нема да биде и Андреа Брзаљи кој ја завршува кариерата. Планот е Јувентус да доведе најмалку еден дефанзивец, се споменуваат Манолас (Рома), Рубен Диаз (Бенфика) и Варан (Реал Мадрид).
На голот промени нема да има, во Јувентус се задоволни од полскиот голман Војчех Шчесни.