Фудбалерите на Јувентус пред своите навивачи го победија Милан со 1:0 во дербито од 12-тото коло во Серија А.
„Старата дама“ го победи Милан во дербито со 1:0 и успеа да освои три бода. Јувентус до победата стигна со голот на Дибала во 77-та минута од натпреварот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа деталот кој го обележи вчерашниот натпревар се случи во 55-тата минута. Тогаш Маурицио Сари на изненадување на сите се одлучи од игра да го извади Кристиано Роналдо и на негово место влезе Дибала кој подоцна го реши дербито.
Роналдо и самиот беше изненаден од измената и тоа можеше да се забележи од неговата реакција. Португалецот не седна на клупата за резерви туку продолжи право во соблекувалната, а медиумите пишуваа дека и го напуштил стадионот пред натпреварот да заврши.
На снимката кога Роналдо излегуваше можеше и да се забележи и дека нешто му дофрли на Сари.
Италијанците сега откриле што Португалецот во таа прилика му дофрлил на својот тренер. Наводно Роналдо извикал: „vai pra o caralho“ што на португалски значи „од**би“.
Incazzarsi ogni tanto fa bene ? #JuveMilan pic.twitter.com/xA1h8puzvU
— Aʟᴇꜱꜱᴀɴᴅʀᴏ Aʟʟᴀʀᴀ (@aallara) November 10, 2019
Многумина сметаат дека Роналдо треба да биде казнет за ваквото однесување. Доколку беше било кој друг играч во прашање веројатно и сигурно ќе добиеше казна, а ќе видиме дали таков третман клубот ќе има и за Португалецот.