Eлиминацијата во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Ајакс беше голем шок за Јувентус и Кристиано Роналдо.
Италијанскиот шампион пред почетокот на сезоната беше еден од главните фаворити за освојување на трофејот на кој чекаат од 1996 година, меѓутоа Ајакс им одржа вистинска лекција по фудбал и заслужено се пласираа во следната фаза.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега во Торино следат припреми за наредната сезона, а „Кориере дело Спорт“ и „Тутоспорт“ пишуваат за стратегијата на „старата дама“ во летниот преоден рок.
Покрај играчот за врска Арон Рамзи кој доаѓа од Арсенал после неговиот истек на договорот со „топџиите“ Јувентус сака да доведе барем по едно топ засилување во секоја линија.
?? Front page of #Tuttosport
? 2019-04-23#edicola #primapagina #Juventus #Inter #Milan #Roma #Napoli #Lazio pic.twitter.com/bgA1phWciK
— Football⚽️InfoData (@FInfodata) April 23, 2019
Во одбраната мети се Рафаел Варан од Реал Мадрид, Матс Хумелс од Баерн, Матијас Де Лихт од Ајакс, Рубен Дијас од Бенфика и Костас Манолас од Рома.
Во средниот ред се цели на Пол Погба од Манчестер Јунајтед, Иско од Реал Мадрид, Тангу Ндомбеле од Лион. Во нападот Алегри сака да види некој од Жоао Феликс од Бенфика или Федерико Киеза од Фиорентина.
Сигурно дека во Јувентус ова лето ќе направат неколку големи трансфери бидејќи мораат да ја пронајдат формулата како да се подобрат на европската сцена, Роналдо беше довен токму поради таа работа.