Со реваншот во полуфиналето од Купот на Италија помеѓу Јувентус и Милан вечерва продолжува фудбалот во Италија – анализата за овој натпревар може да ја прочитате тука.
Уште пред пандемијата на коронавирусот на „Сан Сиро“ во првиот натпревар беше 1:1 и вечерва ќе се решава кој ќе оди во финалето. Во случај ако биде 1:1 веднаш ќе се изведуваат пенали, нема да има продолженија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот фудбалски сојуз порачува протокол на карантин и веднаш после натпреварот да се тестираат сите членови на клубовите, додека за играчите ќе следи изолација од 96 часа.
Во случај на негативни тестови, ќе се направат уште два, пред и после следниот натпревар за со 100% сигурност да се знае дека нема други заразени.
Освен тоа ФИГЦ бара и трето лица да ги контролира играчите за да не случи клубовите да реагираат приватно и што би придонело за дополнително ширење.
Инаку, на „Алијанц Стдионот“ планирано е да се користат звучни ефекти за подобро доживување на гледачите пред малите екрани.