Младиот црногорски фудбалер Василије Аџиќ во наредните денови и официјално ќе стане нов играч на Јувентус.
Аџиќ има само 17 години, а торинскиот клуб на Будуќност од Подгорица за неговите услуги ќе и исплати сума од пет милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанскиот „Тутоспорт“ денеска ги анализираше карактеристиките на младиот фудбалер и имаше само пофални зборови и потенцираа дека во него гледаат мешавина на четири големи фудбалери.
“Тој има многу вештини, од неколку фудбалери. Одличен е како играч за врска, брз, добар со топката, извонреден додавач. Тој е како мешавина од Стивен Џерард, Кевин де Брујн, Џуд Белингам и Владимир Југовиќ“, пишува „Тутоспорт“.
Аџиќ ќе потпише повеќегодишен договор со Јувентус, но се очекува следната полусезона да ја помине во Будуќност како позајмен играч на „старата дама“, па дури на лето ќе дојде во Торино.