Тренерот Антонио Конте најверојатно ќе го напушти Интер, откако синоќа загуби во финалето во Лига Европа од Севилја со 2-3.
Конте во изјавата по натпреварот на еден начин „најави“ дека ќе го напушти кормилото на „нераѕурите“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Имаме различни погледи, морам да размислам, фудбал или семејство. Сега ќе ги одмориме главите, за неколку дена ќе разговарам со клубот. Одлуката останува на претседателот, не сакам повторно ваква сезона“, кажа Конте.
Конте наводно е незадоволен затоа што нема улога при реализирање на трансферите, пе поради тоа планира да замине, а се шпекулира дека негова замена ќе биде Масимилјано Алегри.