Дома Фудбал Репрезентации Италијанските тренери ќе испишат историја на Европското првенство

Италијанските тренери ќе испишат историја на Европското првенство

На Европското првенство во фудбал наредната година ќе настапат 24 селекции, а дури пет на турнирот во Германија ќе бидат предводени од италијански селектори ако не се случи некаков изненадувачки отказ во иднина.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Актуелниот рекорд го држат Холанѓаните кои на Европското првенство во 2008 година во Австрија и Швајцарија имаа тројца селектори.

Тогаш Холандија беше предводена од Марко Ван Бастен, селектор на Русија беше Гуд Хидинк, додека на клупата на Полска седеше Лео Бехнакер.

Италија во одбрана на следниот европски шампионат ќе ја води Лучијано Спалети. Турција е предводена од Винчецо Монтела, на клупата на Белгија седи Доменико Тедеско, Унгарија ја води Марко Роси, а селектор на Словачка е Франческо Калцона.

Селекторот на Чешка, Јарослав Шилхави и покрај пласманот на Европското првенство, па овој број би можел да се зголеми ако Чесите доведат некој Италијанец на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мурињо ги отвори картите: Бенфика е Бенфика, но Реал Мадрид не се одбива!

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност да се врати во Реал Мадрид, н…