Милан и Јувентус се силно заинтересирани за напаѓачот на Селтик, Одсон Едуард, пренесува „Скај Спорт“.
Едуард игра одлично во Селтик и го привлече вниманието на многу европски клубови, а би можел кариерата да ја продолжи во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Едуард потекнува од школата на ПСЖ од каде се пресели во Селтик и сезонава на 20 меча има постигнато 10 гола.
Тој има договор со шкотскиот клуб до јуни 2022 година, но Селтик е спремен да го пушти во јануари доколку пристигне адекватна понуда.
Италијанските гиганти стапиле во контакт со агентот на напаѓачот и веќе ги започнале преговорите.