Дома Фудбал Лига на шампиони Италијанската легенда за исклучувањето на Роналдо: Судијата халуцинираше

Италијанската легенда за исклучувањето на Роналдо: Судијата халуцинираше

ronaldo

Директниот црвен картон на Кристиано Роналдо во натпреварот против Валенсија предизвика големи реакции во јавноста каде што преовладува мислењето дека Феликс Брих и неговиот помошник погрешија.

На страната на оние кои сметаат дека Брих погрешил кога исклучил Роналдо застана и легендарниот италијански стручњак Марчело Липи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Липи јасно кажа дека не се согласува со одлуката на Германецот, а исклучувањето го прокоментира и малку иронично.

„Сите имаа прилика да видат дека потегот на Роналдо не беше за исклучување. Не можете за таква работа да исклучите играч. Помошник Фриц веројатно халуцинирал во тој момент“, изјави Италијанецот.

Потоа тој испрати и порака до УЕФА да ја признае грешката, така што Португалецот нема да биде суспендиран.

„Некои работи не можат да бидат променети, времето не може да се врати. Но би било убаво од страна на УЕФА кога би се вратила чекор назад. Сусепнзија за Роналдо би била навистина апсурдна“, порача Липи.

Одлуката дисциплинската комисија за Роналдо ќе ја донесе на 27-ми септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пеп потврди: Манчестер Сити без Халанд во еден од најважните натпревари во сезоната

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денеска потврди дека Ерлинг Халанд не е подготв…