Дома Фудбал Исфрустрираниот Роналдо ги слушна навивачите како го скандираат името на Меси, камерата сними што одговори

Исфрустрираниот Роналдо ги слушна навивачите како го скандираат името на Меси, камерата сними што одговори

Ал Хилал и Ал Наср синоќа одиграа пријателски натпревар кој го одбележа скандалозното однесување на Кристијано Роналдо.

Португалецот ја покажа својата темна страна, а се започна кога ги слушна навивачите на Ал Хилал како го скандираат името на Лионел Меси, а тој реши да им одговори.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Ал Хилал го доби овој натпревар со 2:0 со головите на Милинковиќ-Савиќ и Ал Даусари, но фудбалот за жал падна во втор план поради срамното однесување на Кристијано Роналдо, со кое Португалецот го шокираше фудбалскиот свет.

Сето тоа кулминираше додека тој го напушташе теренот кога навивачите на Ал Хилал пред него фрлија дрес од тој клуб, а тој го зеде и со него си ги избриша гениталиите, што беше навистина скандалозно.

Роналдо целосно ги загуби нервите на синоќешниот дуел, што е навистина ретко кога е во прашање еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Сепак, јасно е кога се започнало и што било причината Роналдо целосно да полуди и да почне да се однесува срамно.

Имено, за време на натпреварот навивачите на Ал Хилал скандираа „Меси, Меси“ и тоа одекна низ стадионот. Роналдо со години ги доживува овие работи и ретко реагираше, но сега очигледно не можеше да се контролира.

Роналдо ги слушнал противничките навивачи како го скандираат името на неговиот најголем ривал и решил да им одговори.

„Јас сум тука, не Меси“, се слушна како Роналдо им се обраќа на навивачите на Ал Хилал кои продолжија да го скандираат името на аргентинскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…