Дома Останати Кошарка Историја: На НБА натпревар присуствуваа 68.323 гледачи!

Историја: На НБА натпревар присуствуваа 68.323 гледачи!

НБА лигата од година во година ги поместува границите, а сега успеа во тоа и кога во прашање е рекордниот број гледачи на еден натпревар.

Натпреварот помеѓу Сан Антонио Спарс и Голден Стејт изминатата вечер кој Вориорси го добија со 114:113 го гледаа дури 68.323 гледачи што е рекорд за еден НБА натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа беше можно затоа што мечот се играше во „Аламадома“, сала која долго беше преграден стадион, а сега преградата беше отстранета па беше отворена трибината на целиот стадион.

Спарси на овој начин сакаа да прослават 50 години на франшизата и навистина приредија вистински спекткал. Единствено што не беше во склад со атмосферата беше нивната игра на теренот каде што Вориорси беа многу подобри.

НАЈМНОГУ ПОСЕТЕНИ НБА НАТПРЕВАРИ

Сан Антонио113-144 Голден Стејт – 13.01.2023. година – 68.323 гледачи
Атланта 74-89 Чикаго Булс – 27.03.1997 – 62.046
Детроит 125-108 Бостон – 29.01.1988 – 61.983
Детроит 125-107 Филаделфија – 14.02.198 – 52.745
Минесота 89-99 Денвер- 17.04.1990 – 49.551
Детроит 102-103 Атланта – 30.03.1988 – 47.692

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…