Дома Фудбал Историја: Голманскиот дрес на Јувентус кој нема да го носи Буфон (Фото)

Историја: Голманскиот дрес на Јувентус кој нема да го носи Буфон (Фото)

Буфон заминува од Јувентус на крајот на сезоната, а сега во медиумите се појави голманскиот дрес кој по подолго време нема да биде наменет легендарниот голман.

Прв голман на Јувентус од наредната сезона се очекува да биде Војчех Шчесни, иако „старата дама“ се поврзуваше и со Матија Перин.

По објавувањето на сликата од голманскиот дрес во Италија започнаа да се шегуваат дека дресот наликува на оној кој сега го носи Донарума во Милан и дека тоа е знак дека имаат намера да тргнат по неговиот потпис.

Како и да е Буфон од навивачите ќе се прости на прославата на титулата во последното коло против Верона. Не е ништо официјално потврдено, но се појасно станува дека одлуката која ја соопшти пред почетокот на оваа сезона нема да биде промената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…