Дома Фудбал Останато Историски момент: Суперкупот на Европа ќе го суди жена!

Историски момент: Суперкупот на Европа ќе го суди жена!

Првпат во историјата женски судија ќе суди натпревар на машки тимови во некое УЕФА натпреварување.

УЕФА денес одлучи Суперкупот на Европа, помежу Ливерпул и Челзи, кој ќе се одигра во август да го суди Французинката, Стефани Фрапар.

Фрапар ја доби таа чест да го суди дуелот меѓу освојувачот на Лигата на шампионите Ливерпул и победникот во Лига Европа, кој на програмата е на 14-ти август во Истанбул.

35-годишната Фрапар исто така испиша историја и во француската Лига 1 откако стана првата жена која судела меч од првата машка лига помеѓу Амиен и Стразбур. Таа во новата сезона во Лига 1 ќе биде редовно меѓу делегираните судии.

Асистентки ќе и бидат, Мануела Николоси (Франција) и Мишел ОНил (Република Ирска). Четврти судија е Џунејт Чакир од Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маркос Рашфорд во центарот на спектакуларен трансфер

Маркос Рашфорд би можел да се најде во центарот на еден од најинтересните потези во завршн…