Дома Останати Тенис Историска промена на Австралија Опен: Ѓоковиќ и колегите го добија тоа што го бараа

Историска промена на Австралија Опен: Ѓоковиќ и колегите го добија тоа што го бараа

Австралија Опен оваа година по еден детал ќе биде историски. Организаторите одлучија да ги послушаат играчите и да го променат траењето на турнирот. Место две недели како досега, ќе се игра 15 дена.

Ваквата одлука дојде како одговор на протестирањето на играчите и навивачите во врска со преполниот календар и мечевите кои се играат доцна во ноќта.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Инаку, на овој потег претходно се одлучи и Ролан Гарос кој исто така се игра баш 15 дена од таа причина. Еден од најгласните за ваквата промена беше Новак Ѓоковиќ кој во Австралија освои рекордни десет титули и на ова издание ќе го брани трофејот.

Директорот на турнирот Крег Тајли тврди дека оваа одлука била донесена по разговорите со тенисерите.

„Го послушавме мислењето на играчите и публиката и возбудени сме што донесовме решение со кое ќе се намали бројот на мечеви кои завршуваат доцна во ноиќта“, изјави Тајли на почетокот на октомври минатата година.

Ова значи дека место три дневни термини, ќе се играат два. Што дополнително ја најамалува можноста мечевите да се играат по полноќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …