Како што и најави, Пеп Гвардиола започна во доведувањето на играчи.
Гвардиола ја платил клаузулата од 65 милиони евра за францускиот репрезентативец, Емерик Лапорт, играч кој беше цел на многу клубови изминативе години, но овој играч одбиваше да го напушти Атлетик Билбао. Сега изгледа дека сака да си оди, претходно не сакаше во Челзи, ниту во Реал, иако беше споменуван како засилување, а Гвардиола го сакаше уште како дете во времето кога беше во Баерн.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лапорт има 23 години, капитен е на екипата од Баскија. Од 2012. година, како 17-годишник стандардно е дел од екипата на Атлетик Билбао. Валверде го турна во тимот, му даде голема одговорност, но тој на тоа одговори со одлични настапи, веќе има над 160 настапи за Билбао. Се зборуваше дека ќе игра за Шпанија, но играше за сите млади селекции на Франија, иако Лопатеги го убедуваше, на крајот се одлучи да заигра за „петлите“.
Има договор до 2020. и клаузула од 65 милиони која ќе биде платена, се чека само неговата согласност, која велат дека е извесна, па уште оваа зима ќе го гледаме во Премиер лигата.