Дома Фудбал Останато Исповед на Роналдињо: Испаднав наивен, во затвор играв фудбал и делев автограми

Исповед на Роналдињо: Испаднав наивен, во затвор играв фудбал и делев автограми

Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдињо Гаучо еден месец помина во затвор во Парагвај. Моментално се наоѓа во домашен притвор и го чека судењето.

Роналдињо и неговиот брат Азис беа во затвор бидејќи со фалсификувани документи влегоа во Парагвај. Бразилецот сега за прв пат јавно проговори за времето поминато во затвор.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Не можевме да поверуваме кога видовме дека документите не се исправни. Никогаш себе си не се замислував во ваква ситуација. Самиот се шокирав колку испаднав наивен со верувањето во одредени луѓе, кои очигледно не го заслужувале тоа. За време на целиот живот се трудев со напорна работа да дојдам до највисоката цел и на луѓето да им носам среќа со своите фудбалски мајстории. Но, требаше да ми се случи ваква работа да сфатам дека не сите ми мислат добро“, изјави Роналдињо, кој потоа опиша како го поминувал времето во затвор.

„Играњето фудбал, давањето автограми и фотографирањето со фанови се дел од мојот живот веќе долг низ години наназад. Немав намера да престанам со сето тоа само зашто сум во затвор, особено не поради луѓето кои минуваа низ тешки денови како и јас самиот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фабрегас требаше да избере еден од Модриќ и Иниеста – не размислуваше многу!

Сеск Фабрегас (37), еден од најдобрите играчи од средниот ред од почетокот на 2000-тите, б…