Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Иско: Повеќе не разговарам со Роналдо

Иско: Повеќе не разговарам со Роналдо

Шпанскиот репрезентативец и ѕвезда на Реал Мадрид, Иско тврди дека не разговара со Кристијано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанија на Иско одигра 3:3 против Португалците во првиот натпревар на Мундијалот. Иако се и двајцата играчи на Реал, Иско тврди дека после овој натпревар не разговара со Португалецот. Нормално, сето тоа е шега.

„Нема да зборувам со него после оној ден.“ – изјави Иско и додаде:

„Нема некој процент на слободни удари, но претходните два гола му дадоа самодоверба и виде дека е блиску до хет-трик.“

Шпанија освои бод против Португалија иако на само два дена пред СП остана без селекторот Лопетеги, кој го замени Фернандо Јеро.

„Покажавме зрелост да се избориме со она што се случи. Сфативме дека е најважно што сме таму и тоа што ќе го направиме. Имавме добар предизвик на стартот и покажавме огромно заедништво и ова е показател како треба да играме понатаму.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…