Дома Фудбал Иско МВП на натпреварот: Нашата цел се трофеите!

Иско МВП на натпреварот: Нашата цел се трофеите!

Актуелниот европски првак Реал Мадрид успеа да ја одбрани титулата во Суперкупот, откако со 2:1 беше подобар од Манчестер Јунајтед.

Еден од најдобрите поединци на „кралевите“ беше Иско, кој го постигна вториот гол, а на крајот беше прогласен за МВП на натпреварот.

„Одигравме еден добар и квалитетен натпревар. Освоивме уште еден трофеј и среќни сме поради тоа. Ова е добар почеток за нас за новата сезона. Не беше лесно да се победи Манчестер Јунајтед, кој беше одличен ривал. Основната цел на Реал Мадрид е да победува и со тоа да освојува трофеи“, изјави Иско.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кина ја тргна Ла Лига од екраните: Извинувањата на Мбапе и Реал засега без ефект

Кинеската државна телевизија не емитуваше натпревари од шпанското првенство, а од дигиталн…