Дома Фудбал Инцидент: Навивачи нападнаа селектор на Африканскиот куп на Нации

Инцидент: Навивачи нападнаа селектор на Африканскиот куп на Нации

Бесен навивач го нападна селекторот на Гана Крис Хутон во хотелот Абидајн по поразот во првото коло од Африканскиот куп на Нации во недела, потврдија од раководството на оваа репрезентација.

Гана беше поразена од Зеленортските Острови со голот во судиското продолжеие. Овој пораз е изненадувачки, а Зеленортските Острови се најмалата репрезентација од 24-те учесници на турнирот.

Навивачот кој беше во друштво и на други навивачи пристапија кон селекторот додека оваа селекција се враќаше од натпреварот. Хатон исто така беше изложен на вербални навреди. За Гана ова беше втор пораз од аутсајдер откако претходно во квалификациите изгубија од Комори.

Хатон беше член на раководството на репрезентација и на Светското првенство во 2022 година во Катар каде што ја имаше улогата на технички советник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата Лига на нации носи пет ривали, но Македонија прво мора да го зачува рангот

Од 2028/29 Лигата на нации ќе има три ранга и поинаков распоред на противниците. За Македо…