Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез е блиску до нов договор со клубот пренесува „Газета дело Спорт“.
Аргентинецот игра уште една одлична сезона и е еден од најзаслужните за добрите резултати на Интер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информациите од италијанските медиуми, Лаутаро наскоро ќе стави потпис на нов договор до 2024 година според кој ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона.
Неговиот менаџер потврди дека двете страни се блиску до договор и се очекува официјализација на крајот на сезоната.
Лаутаро во актуелниот договор има откупна клаузула од 111 милиони евра, која ќе биде ревидирана со новиот договор.