Италијанскиот портал „Calcio e Finanza“ ги објави податоците за загубите на најголемите клубови во Серија А.
Милан, Јувентус и Интер во последните две сезони (не сметајќи ја оваа) изгубија скоро милијарда евра, поточно 938 милиони. Во најтешка ситуација е Интер кој во 2019/2020 оствари 102.4, а во 2020/2021 дури 245 милиони евра минус. Јувентус во истиот период е во загуба од 299, додека Милан има најмала загуба од 291 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интер и Јувентус во минатата сезона изгубија двојно повеќе од претходната, единствено Милан успеа да ја подобри ситуацијата. „Росонерите“ сезоната 2019/2020 ја завршија со 194.6 милиони евра минус, додека минатата сезона имаа загуба од 96.4 милиони.