Дома Трансфер зона Интер ја постави цената за Лукаку

Интер ја постави цената за Лукаку

Милански Интер се наоѓа во сериозни финансиски проблеми и на лето ќе мора да продава најмалку една своја ѕвезда, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најбараниот фудбалер од „нероаѕурите“ е Ромелу Лукаку, кој е на радарот на Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Весникот тврди дека Интер нема да се противи на неговата продажба, но само доколку пристигне понуда од 120 милиони евра.

„Нероаѕурите“ го доведоа Лукаку од Манчестер Јунајтед за 80 милиони евра во 2019 година, а Белгиецот на 85 меча постигна 59 гола.

Меѓутоа, тешко е да се очекува дека некој клуб ќе се согласи да ја плати таа сума, па Интер ќе треба да продаде некоја друга своја ѕвезда.

Голем интерес постои за Лаутаро Мартинез, Николо Барела и Милан Скриниар, како и за Брозовиќ, Ериксен и Бастони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…