Дома Фудбал Италија Интер ја откри иднината на Ешли Јанг и Санчез

Интер ја откри иднината на Ешли Јанг и Санчез

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио потврди дека е активирана опцијата за продолжување на договорот со Ешли Јанг и истакна дека клубот има за цел да го задржи Алексис Санчез.

Јанг пристигна од Манчестер Јунајтед во јануари и потпиша шестмесечен договор со опција за уште една година, па сигурно ќе остане во Милано и следната сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аусилио исто така истакна дека Интер сака да го задржи и Алексис Санчез и да му даде шанса да се докаже.

„Можам да кажам дека ја активиравме опцијата за Јанг. Наша цел е да ги задржиме сите, вклучително и Алексис Санчез. Тој играше добро пред да се повреди, посебно против Барселона и Сампдорија. Тука потсети на најдобрите сезони со Удинезе и Арсенал, но немаше среќа. Сега тоа може да го искористи во овие преостанати мечеви за да добие втора шанса“, изјави Аусилио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…