Се очекува тренерот на Интер, Симоне Инзаги да го продолжи договорот, а раководството на клубот од Милано би требало да му понуди нов договор пред крајот на сезоната.
Како што објави „Газета дело Спорт“, раководството на Интер ќе има поинаква стратегија, бидејќи сака да го задржи Инзаги, чиј договор истекува во јуни 2025 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Инзаги двапати го продолжи договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, а двата пати клубот му нудеше едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е и што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред крајот на сезоната, а не на крајот.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.