Интер е силно заинтересиран за ѕвездата на Наполи, Пјотр Зиелински пренесува „Газета дело Спорт“.
Зиелински влезе во последната година од договорот со Наполи и се уште нема ставено потпис на нов договор бидејќи сериозно размислува да ја промени средината.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таквата ситуација сака да ја искористи Интер, а директорот Марота е експерт за доведување на слободни агенти.
„Нероаѕурите“ веќе стапиле во контак со неговиот агент и сакаат што е можно побрзо да постигнат договор со цел да ја победат конкуренцијата.
Зиелински веќе во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со „нероаѕурите“, а во јуни да се пресели во Милано.