Италијанскиот гигнат Интер минатото лето беше заинтересиран за бразилскиот напаѓач Малком, но фудбалерот заврши на „Камп Ноу“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека „нероаѕурите“ не се откажале од идејата да го донесат Малком на „Џузепе Меаца“.
Минатото лето Интер преговараше и беше блиску до потписот на Малком, но на крајот Бразилецот заврши во Барселона за 40 милиони евра.
Меѓутоа, крилниот напаѓач воопшто не се снајде на „Камп Ноу“, ја грее клупата за резерви и е прогласен за големо промашување на Каталонците.
Поради тоа готово сигурно на лето ќе ја промени средината, а „нероаѕурите“ сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го донесат во Милано.
Интер на лето спрема мала реконструкција на тимот, особено во нападот, каде најверојатно ќе си заминат Перишиќ и Икарди.
Раководството на миланскиот гигнат токму во Малком гледа идеална замена за Хрватот, кој уште во јануари сакаше да ја промени средината.
[Corriere dello Sport] Complètement Quaglia. Du jeu, des buts, du divertissement & le doublé du petit vieux (6-0).
Malcom, l'Inter retente le coup. pic.twitter.com/RQpqGHbK4q— FrSerieA (@FrSerieA) March 27, 2019