Раководството на Интер започна преговори со левиот бек на Челзи, Емерсон Палмери, пренесуваат италијансите медиуми.
„Сините“ се спремни да го продадат италијанскиот репрезентативец бидејќи ова лето го донесоа Чилвел и Лампард повеќе не смета на него.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Конте е во потрага по квалитетно засиливање на левата беквоска позиција и одлично ги познава квалитетите на Палмери, бидејќи тој го донесе Стенфорд Бриџ, па смета дека ќе биде идеално засилување за Интер.
„Нероаѕурите“ сакаат да го донесат на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп за 20 милиони евра.