Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Паул игра фантастично во Удинезе и оваа сезона, па наскоро би можел да направи трансфер во Милано.
Италијанските гиганти Интер и Јувентус веќе подолго време го следат Де Паул, а медиумите тврдат дека „нероаѕурите“ веќе презеле конкретни чекори за негов ангажман.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Конте смета дека Аргентинецот ќе му го донесе потребниот квалитет на средината на теренот бидејќи Де Паул може да игра на повеќе позиции во средниот ред.
„Нероаѕурите“ започнале преговори со агентот на фудбалерот и спремиле понуда од 35 милиони евра, сума која треба да ги задоволи апетитите на Удинезе.
Кристиан Ериксен е на излезна врата и со неговата продажба Интер ќе го финансира трансферот на Де Паул.