Со месеци наназад трае фамата околу новиот договор на Милан Скриниар со Интер.
Разговорите се отворени и во меѓувреме веќе имаше неколку обиди работата да биде завршена, но не беа успешни. Во меѓувреме Скриниар израсна во квалитетен стопер, поради што стана интересен за клубови како Барселона, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Скриниар покажа квалитет и поради тоа се најде на радарот на неколку клубови, Интер сака да го продолжи договорот со него што побрзо и на тој начин да ги „избркаат“ потенцијалните купувачи, понудата од 65 милиони евра веќе беше одбиена.
Преговорите помеѓу управата и Скриниар траат уште од летото, но договор се уште не е постигнат. Јасно, нема брзање. Договорот на Скриниар со Интер истекува 2022 година. Сега двете страни се блиску да завршат голема работа.
Од потпис на стоперот ги делат 500.000 евра, бидејќи фудбалерот бара три милиони евра нето по сезона, додека најголемата понуда на Интер до овој момент изнесуваше 2.5 милиони евра.
Доколку Скриниар би добил три милиони евра би застанал „рамо до рамо“ со Кандрева и Кеита, а пред него ќе останат Хандановиќ (3.2 милиони евра), Миранда (3.5 милиони евра), Де Фрај (3.8 милиони евра), Перишиќ (4 милиони евра), Наинголан (4.5 милиони евра) и Икарди (4.5 милиони евра).
Во овој момент стоперот добива 1.7 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=FHHeM3qVRJs&t=1s