Икарди е најдобар стрелец на Интер и еден од главните „виновници“ што клубот после долго време се врати во Лигата на шампионите, а се појавија гласини дека Интер ќе се обиде да го продаде до 30 јуни со цел да избегне евентуална каза за кршење на финансискиот фер-плеј.
Денес во медиумите по повод случајот „Икарди“ се огласи и директорот на Интер, Алесандро Антонело.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Нема причини за грижа. Тој е наш играч и наш капитен и во наредните недели ќе седнеме и ќе разговараме за новиот договор“.
„Финансискиот фер-плеј? Постои оптимизам, фокусирани сме на целта која мораме да ја постигнеме до 30 јуни. Работиме во тој правец и мислам дека ќе успееме“, изјави Антонело.
Антонело додаде и дека клубот нема намера да ги продава најдобрите играчи как ои дека ќе се обидат уште повеќе да го засилат тимот.