Милански Интер има големи планови за следната сезона и сака да направи конкурентен тим со кој конечно ќе го симне од тронот Јувентус.
Во последните денови многу играчи за поврзуваат со „нероаѕурите“, а последен во низата е ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ериксен вчера јавно потврди дека нема да го продолжи договорот со Тотенхем и дека е спремен за нов предизвик во кариерата, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е Реал Мадрид.
Меѓутоа, „Газета дело Спорт“ пренесува дека и Интер се вклучил во трката за данскиот плејмејкер. Антонио Конте многу ги цени квалитетите на Данецот и смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим.
Наводно „нероаѕурите“ стапиле во контакт со неговиот агент и се спремни да понудат 70 милиони евра за неговиот потпис. Меѓутоа, проблем е што „спарси“ бараат 100 милиони евра за неговата слобода.
Исто така, „нероаѕурите“ ќе се соочат со голема конкуренција за потписот на Ериксен, но сепак ќе направат сериозни обиди да го донесат во Милано.
La Gazzetta:#Eriksen is #Inter dream but costs 70 million. #Conte believe he is the guy that could level inter with Juve.#FCIM pic.twitter.com/aaiF9lyH5a
— Omar (@Omar4inter4) June 6, 2019