Ромелу Лукаку одигра добра сезона во Интер и поради тоа „нероаѕурите“ сакаат да го задржат во своите редови.
Челзи доби осум милиони евра за позајмицата на Лукаку и целосно покривање на неговата плата, а премиерлигашот сака да се ослободи од него во текот на летниот преоден рок.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Сините“ веќе подолго време ги следат настапите на Онана и се спремни да му понудат трампа на Интер.
Челзи е спремен да го понуди Калиду Кулибали, плус да го остави Ромелу Лукаку уште една година на позајмица во Интер за потписот на Онана.